Роберт Левандовски синоќа беше прогласен за фудбалер на годината, Полјакот до признанието „Д бест“ стигна пред Кристијано Роналдо и Лео Меси.
За наградата гласови даваат селекторите и капитените на репрезентациите, и секогаш има интересни избори.
Во очи паѓа тоа што Лео Меси не гласаше за Кристијано Роналдо, Аргентинецот ги одбра Нејмар, Мбапе и Левандовски.
Но не само тоа, никој од Реал Мадрид не гласаше за Португалецот.
Серхио Рамос гласал за Левандовски, Алкантара и Нејмар. Лука Модриќ пак гласал за Левандовски, Рамос и Салах. Еден Азар ги одбрал Левандовски, Рамос и Де Брујне.
Дури и Герет Бејл реши да го игнорира поранешниот партнер од нападот и гласал за Левандовски, Алкантара и Мане.
Што се однесува до гласовите на Кристијано Роналдо, тој ги одбрал Левандовски, Меси и Мбапе.