Ла Лига

Меси и 2019 ја заврши со 50+ погодока, Барселона лесно се справи со Алавес (ВИДЕО)

Барселона со 4-1 го совлада Алавес за крај на годината, „каталонците" немаа многу проблеми откако во нападот ги имаа располежените Меси, Суарез и Гризман.

Барса ја заврши 2019 со нови три бода, Леи Меси пак со уште едно големо постигнување. Аргентинецот стралеше прецизно против Алавас па и оваа година стигна до бројката од 50 погодоци. Во девет од последните десет години, ѕвездата на Барса има 50+ голови.

„Каталонците“ поведоа со голот на Гризман во 14. минута, а пред крајот на првиот дел Видал донесе 2-0. Понс ги врати гостите во игра по десетина минути во продолжението, но потоа на сцена стапи Лео Меси.

Напаѓачот иако беше опколен од шест противнички играчи, прецизно биеше од врвот на шеснесетникот за 3-1 и ги реши сите дилеми. До крајот на натпреварот, Луис Суарез погоди од пенал за конечни 4-1.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе