Објавен списокот со 23-ца фудбалери

Меси го предводи составот на Аргентина за Копа Америка, Икарди не доби повик (ФОТО)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го објави списокот со 23-ца фудбалери за Копа Америка, Лео Меси го предводи составот во кој уште еднаш немаше место за Мауро Икарди.

„Гаучосите“ ги открија адутите за Копа Америка, вечерва беше објавен списокот со 23-ца фудбалери на кои ќе смета селекторот Лионел Скалони за првенството кое ова лето ќе се одржи во Бразил.

Листата ја предводи првата ѕвезда Лео Меси, кој ќе се обиде конечно да стигне до трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Повик не одби Мауро Икарди, кој изминатите месеци имаше конфликт со Интер и беше надвор од стројот шест недели, а по враќањето во тимот не блеска со партиите.

Од позвучните имиња, во составот се најдоа Кун Агуеро, Анхел Ди Марија, Пауло Дибала и Николас Отаменди.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе