Аргентинецот го кажа своето мислење

Меси ги наброја петте најдобри фудбалери на денешницата и порача: Јас и Роналдо сме скалило пред нив

Лео Меси смета дека тој и Кристијано Роналдо се скалило пред другите, а без нив двајцата во сликата, Килијан Мбапе, Нејмар, Еден Азар, Луис Суараз и Кун Агуеро се најдобрите фудбалери на денешницата.

Аргентинецот даде долго интервју за радио мрежата Клуб 94,7 ФМ, говореше на многу теми, и беше запрашан за тоа кои се најдобрите фудбалери на денешницата според Лео.

„Мбапе, Нејмар, Азар, Луис Суарез и Кун Агуеро“ – беше одговорот на фудбалерот на Барселона.

Но пред некој да праша каде е Кристијано Роналдо, ова не беше навреда за неговиот голем ривал, Лео објасни дека тој и ЦР7 се скалило пред другите.

Лео Меси потоа изрази жалење што Кристијано Роналдо повеќе не е дел од Реал Мадрид и Ла Лига.

„Беше убаво да се игра против Кристијано и покрај тоа што беше тешко. Уживав во освојувањето на титулите кога тој беше во Мадрид, но и болеше кога гледав како тој ги крева трофеите. Би било убаво доколку се уште беше тука“.

Тој исто така смета дека Јувентус сега е многу посилен тим со ЦР7 во тимот.

„Имам голема почит кон Јувентус, и мислам дека се многу силен тим со навистиан добри играчи... а со доаѓањето на Кристијано Роналдо, станаа уште посилни. Испратија силна порака со победата на Атлетико“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе