Другата страна на приказната

„Меси генерира една третина од приходите на Барса, 8 од 10 продадени дресови се на Лео“

Кандидатот за претседател, Жоан Лапорта застана во одбрана на Лео Меси, вели дека Аргентинецот генерира повеќе приходи отколку што преставува трошок за Барселона, 8 од 10 продадени дресови се на Лео.

Договорот на Лео Меси од 555 милиони евра предизвика големи реакции, многумина се прашуваат како Аргентинецот може да заработува толку многу. Дополнителен проблем креира и лошата финансиска состојба во која се наоаѓа Барселона со долгови од 1.2 милјарди евра, како и немањето пари за плати и трансфери.

Но Жоан Лапорта ја раскажа другата страна на приказната, вели дека Лео Меси генерира една третина од приходите на Барселона (во пандемија се 800 милиони, претходно беа една милјарда евра).

Кандидатот за претседател додава дека 8 од 10 продадени дресови се на Лео Меси, а Аргентинецот има голема улога и при спонзорските договори, ТВ правата и продажбата на билети и други клупски производи.

„Ќе сторам се што можам за да го задржам Меси во Барселона. Имам индикации дека е среќен во Барселона, сака да остане, но потребен му е спортки проект на кој може да му верува, Барса да биде конкурентна“ – вели Лапорта.

„Синоќа му испратив порака со поддршка и му кажав да не ги слуша вестите бидејќи навивачите на Барса сакаат тој да продолжи. Лео не е виновен за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Тој генерира повеќе отколку што прави трошоци. Економскиот тим направи анализа и Меси генерира една третина од вкупниот приход на Барса. 8 од 10 продадени дресови се на Лео“.

„Да не зборуваме што тој направи на спортски план, или пак на емоционален. Она што тој го стори за Барса нема цена. Без него немаше да освоиме толку многу титули, кога го имате Лео во тимот, атакувате на сите титули“.

„Ќе треба да пронајдеме креативна формула со која ќе го задржиме, баланс помеѓу она што го заслужува најдобриот во историјата и можностите на клубот во овој момент“.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе