Лео Меси доби минимална казна за исклучувањето против Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија. Се шпекулираше дека Аргентинецот може да паузира и до 12 натпревари за својот прв црвен катон, но дисциплинската комисија му одреди казна од два натпревари суспензија.
Па тој сега нема да биде во комбинација за дуелите со Корнеља во Купот и мечот со Елче во Примера.
И покрај тоа што Лео Меси добро помина, Барселона веднаш најави дека ќе достави жалба.