Аргентинецот се приклучи на големите донатори

Меси донираше еден милион евра за борбата против коронавирусот, им помага на Шпанија и Аргентина

Лео Меси им се приклучи на богатите луѓе од фудбалот кој донираат за борбата против коронавирусот, Аргентинецот одвои еден милион евра. 

И Лео Меси донираше голема сума во битката против вирусот кој го тресе целиот свет.
 
Според „Мундо Депортиво“, донацијата на Меси ќе биде поделена меѓу болници во Барселона и во Аргентина.
 
Претходно и Пеп Гвардиола донираше еден милион евра за опремување на болниците во Барселона.
 
Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот со преку 42.000 случаи и речиси 3.000 мртви. Аргентина засега има нешто помалку од 400 случаи и шест мртви.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе