Барселона по секоја цена го задржува Аргентинецот

Меси добива 90 милиони евра само за еден потпис?!

Барселона е подготвена да му даде на Лео Меси неверојатна сума од 90 милиони евра на име на бонус само за да стави потпис на договорот за кој веќе е постигната согласност со месеци

„Каталонците“ уште пред неколку месеци соопштија дека ја продолжиле соработката со Лео Меси, но играчот нема ставено потпис на документите па се говори за негово можно заминување од Камп Ноу.

Барселона во неколку наврати порача дека договорот на Лео Меси е валиден, но гласините за негов трансфер не престануваат.

Неодамна се појави нелогична шпекулација според која Манчестер Сити е спремен да плати 400 милиони евра за ангажман на Аргентинецот.

Сега има слична бомбастична вест според која Барса на Лео Меси ќе му даде бонус од 90 милиони евра само за да стави потпис, покрај платата од преку 30 милиони евра која веќе ја има договорено.

Ваквите бонуси се вообичаена работа, но ретко кој добил волку голема сума.

Веста прв ја пренесе Дејли Мејл, весник кој не е близок извор ниту до Барселонан ниту пак до самиот играч, па останува да се види колку има вистина во ваквата сторија. 

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе