Челси

Мерсон има совет за Челси: Купете го Роналдо и решете си ги проблемите во нападот

Поранешниот англиски фудбалер, а сегашен критичар во „Скај Спортс“, Пол Мерсон смета дека Кристијано Роналдо е идеално решение за нападот на Челси.

Ова лето од Челси заминаа Лукаку и Вернер, Тен Хаг не располага со класичен голгетер, Каи Хаверц игра на таа позиција, но очигледен е недостатокот на чиста деветка.

Пол Мерсон смета дека играта на Челси е идеална за Кристијано Роналдо и не му е јасно како Тод Боли се уште не тргнал по Португалецот.

„Челси беа фантастични против Тотнем во неделата, го доминираа натпреварот од почетокот до крајот, но фактот што немаат голгетер или центарфорд ги чинеше три бода. И покрај нивната доминација, Хуго Лорис имаше само една одбрана. Тоа ви кажува се што треба да знаете“, вели Мерсон.

„Не ми се верува дека се уште не тргнале по Кристијано Роналдо. Тој е токму тоа што му недостасува на Челси. Играњето за Челси не е како играњето за Манчестер кои ја работат акцијата од центарот на игралиштето“.

„Челси постојано е на работ на шеснаесетникот, доминирајќи ги натпреварите. Челси има неверојатни крилни бекови, тие ги доминираат фудбалските мечеви, не можам да замислам колку гола би дал Роналдо по нивните нафрлувања во шеснаесетникот“.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе