Трампа и трансфер од 100 милиони

Мендеш подготвува луда зделка за заминување на Роналдо од Манчестер јунајтед

Медиумите од Италија пренесуваат дека агентот Жорж Мендеш работи на луда зделка со која Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед, ЦР7 треба да се пресели во Наполи како дел од трансферот на Виктор Осимен на Олд Трафорд.

Кристијано Роналдо и понатаму е дел од трансфер шпекулациите, медиумите продолжуваат да пишуваат дека Жорж Мендеш бара начин како напаѓачот да игра во Лигата на шампиони.

Последните информации велат дека агентот подготвува луда зделка, и трампа со Наполи.

Жорж Мендеш го убедива Манчестер јунајтед да стави 100 милиони евра на маса за трансфер на Виктор Осимен, плус Кристијано Роналдо да се пресели на позајмица на „Диего Армандо Марадона“.

„Ѓаволите“ исто така ќе го плаќаат поголемиот дел од платата на Кристијано Роналдо (некои извори велат речиси целиот дел од платата), па Наполи ќе добие многу пари, и важен играч за кого практично нема да потроши ништо.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе