Јувентус веќе има листа на можни наследници на Португалецот

Мендеш е во Торино, се решава иднината на Роналдо

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш синоќа отпатувал во Торино на завршни состаноци за иднината на својот клиент. 

Кристијано Роналдо сака да си замине од Јувентус, но неизвесно е дали ќе се случи тоа, ситуацијата не е едноставна.
 
Според „Скај Спорт Италија“, Манчестер Сити му нуди двегодишен договор на Роналдо со плата од 15 милиони евра по сезона, но англискиот клуб не сака да плати обесштетување за Португалецот, ниту да прати фудбалер во спротивен правец.
 
Ќарот на Јувентус од еден ваков трансфер би бил фактот што нема да му дадат плата за една сезона на Роналдо, која изнесува 30 милиони евра.
 
Но, тоа е малку за Јувентус, тие сакаат Манчестер Сити да им плати обесштетување од 25 милиони евра или да им го даде Габриел Жесус.
 
Неизвесно е како ќе завршат преговорите, но според „Газета дело Спорт“, Јувентус почнал да ги разгледува опциите за нов напаѓач и има листа од тројца кандидати.
 
Тоа се Мауро Икарди, Моисе Кин и Лука Јовиќ.
 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе