Французинот се доверил во соблекувалната

МЕН: Погба им открил на соиграчите дека сака да замине од Манчестер јунајтед

Според пишувањата на МЕН, Пол Погба им се доверил на соиграчите од Манчестер јунајтед дека сака да замине, неколкумина му порачале дека најдобро за сите е тој летоска да си најде нов клуб.

За иднината на Пол Погба се пишува со месеци, Французинот минатото лето побара да го напушти Олд Трафорд. Тој беше желба на неговиот сонародник Зинедин Зидан и клучен дел од новиот проект кој Зизу го започна во Реал Мадрид. Јувентус исто така пројави интерес и се посочуваше како можна опција, но трансфер никогаш не се реализираше.

И покрај тоа што Оле Гунар Солшер постојано вели дека тие нема да го продадат Пол Погба и дека иднината на играчот е во Манчестер, името на фудбалерот од средниоот ред често е дел од трансфер шпекулациите.

Последните гласини велат дека Пол Погба им се доверил на соиграчите и им ги открил плановите, МЕН пишува дека Французинот во соблекувалната соопштил дека сака да замине. Весникот додава дека дел од неговите соиграчи размислуваат исто и му кажале дека најдобро за сите е тој летоска да си најде нов клуб.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе