Манчестер јунајтед повеќе од 90 минути се мачеше да ѝ даде гол на Омонија, црвените ѓаволи имаа вкупно 34 шутеви од кои 12 во рамките од голот, но гостите го имаа одличниот голман Узохо.
Кога се очекуваше дека Омонија ќе се одбрани, Скот Мектоминеј постигна гол во 93. минута и донесе победа за Манчестер јунајтед.
По три одиграни кола Манчестер јунајтед има девет освоени бода. Во следното коло против Шериф доволен им е бод да го заверат местото во нокаут фазата од Лига Европа.