Славниот борец се кае за инцидентот

Мекгрегор: Не требаше да го удрам човекот во пабот

УФЦ ѕвездата, Конор Мекгрегор вели дека тоа што удри човек во паб во Даблин во април е погрешно.

На почетокот на месецот излезе видео од настан кој се случил во април, Конор Мекгрегор удри човек во паб кој не сакаше да се напие од неговото виски.
 
Сега славниот борец вели дека погрешил што реагирал на таков непримерен начин.
 
„Морам да ja превземам одговорноста. Тоа што се случи е погрешно. Тој човек заслужи да ужива во пабот без таков крај каков што се случи“, вели Мекгрегор.
 
„Си поставив цели да бидам подобар, подобар татко, подобар човек, подобар пример за овие деца“.
 
„Треба да сфатам дека тоа не е однесување на лидер, на шампион. Морам да ја исчистам главата и да се вратам во рингот, да се борам за искупување, одмазда, почит - работите кои ме направија да бидам човек каков што сум“.
 
„Тоа што го направив е тотално погрешно. Неприфатливо однесување“.
 
Полицијата во Ирска спроведува истрага за инцидентот.
 
„Што и да се случи ќе го прифатам. Што и да одлучат, заслужив. Ќе прифатам, нема да се кријам“.
 
Запрашан дали има проблеми со лутината, Конор одговори: „Морам да бидам смирен. Мора да бидам зен. Мора да се водам од пример. Работам на тоа. Ги превземам неопходните чекори“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе