На 26 години му кажа збогум на фудбалот

Мејсон принудно во пензија, сударот со глава со Кејхил кобен за неговата кариера (ФОТО)

Фудбалерот од средниот ред на Хал, Рајан Мејсон е принуден да оди во пензија на само 26 години, докторите го советувале да не се враќа на терените по страшната повреда која ја заработи по сударот со глава со Гери Кејхил

Пред околу 13 месеци, Рајан Мејсон преживеа хорор откако на средбата помеѓу Челси и Хал при еден воздушен дуел и судар со Гери Кејхил заработи фрактура на черепот.

Десетина минути добиваше третман на теренот на Стемфорд Бриџ, а потоа веднаш беше пренесен во Сент Мeрис болницата во Лондон каде итно му беше ивршена операција.

Тој напорно работеше за да се врати на терените, но на совет од докторите Англичанецот е принуден да оди во пензија на 26 години.

„Можам да потврдам дека по консултација со специјилст принуден сум да се повлечам од фудбалот. Неуморно работев со цел да се вратам на терените, но за жал немам друга опција освен пензија поради ризикот која го носи повредата која ја заработив“ - се вели во соопштението на Рајан Мејсон.

„Вечно ќе им бидам благодарен на сите луѓе кои беа околу мене и ми помогнаа да се опоравам од повредата која можеше да ми го загрози животот“.

Македонија не е само наслов. Таа е стратегиски партнер во еден регион во кој на САД им се потребни пријатели. Таа копнее за членство во НАТО, а нејзините млади луѓе ја прифаќаат американската култура - музиката, бургер кингот и англискиот јазик - како своја, вели Рејчел Г. Коен за Бостон глоуб.

повеќе

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе