Ерик тен Хаг повторно го остави Хари Мегваер на клупа а Манчестер јунајтед прокнижи нови три бода.
„Ѓаволите“ вечерва славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Лестер за трета победа во низа.
Клучниот момент се случи во 23. минута, Рашфорд уфрли топка за Санчо, кој го помина голманот на Лестер и рутински ја затресе празната мрежа за 0-1.