Манчестер јунајтед

Мегваер одбил огромна плата од Сити, само за да игра за Манчестер јунајтед

Доколку потпишел за Манчестер сити, Хери Мегваер ќе станел најплатениот дефанзивец во светот, но тој го одбил предлогот на шампионот за да се пресели на Олд Трафорд.

Според англиските медиуми, Манчестер сити му понудил 278.000 фунти неделна плата на Мегваер за да потпише за нив.

Тој би заработил фантастични 70 милиони фунти за пет години и би бил најплатениот дефанзивец во светот, но Мегваер ги одбил.

Неговата желба била да игра за Манчестер јунајтед без разлика што тоа ќе биде за значително помала плата.

Според договорот со Јунајтед, Мегваер заработува 190.000 фунти неделно, што е речиси за 100.000 помалку од тоа што му го нудел Сити.

Мегваер импресионираше уште на своето деби за Јунајтед, тој беше играч на натпреварот во победата над Челси од 4-0.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе