Фудбалерот на Јунајтед ја раскажува својата верзија

Мегваер: Грчките полицајци ме удираа по нозете и ми велеа дека кариерата ми завршува тука

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ја кажува својата верзија од настанот во Миконос кога беше приведен по тепачка со полицијата. 

Различни се верзиите за инцидентот на полицијата и на Мегваер, а вистината можеби е некаде на средина. Фудбалерот на Јунајтед обвинува за полициска бруталност.
 
„Моите првични мисли беа дека сме киднапирани. Моравме да клекнеме на колена, рацете во воздух, тие почнаа да не удираат. Ми ги удираа нозете и ми велеа дека мојата кариера завршува: „Нема веќе фудбал. Нема повеќе да можеш да играш“, вели Мегваер.
 
„Во тој момент помислив дека нема шанси тие луѓе да се полиција, па немав идеа кои се, се обидов да избегам, бев толку многу испаничен, што се плашев за мојот живот“.
 
„Беше ужасно. На никој не му посакувам да му се случи тоа мене што ми се слуши. За прв пат бев внатре во затвор“.
 
„Не мислам дека треба да му се извинам на некој. Се извинувате тогаш кога ќе направите нешто погрешно. Само жалам што ми се случи ова. Играм за еден од најголемите клубови во светот и жалам што ги инволвирам клубот и фановите во ова“.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе