АТП

Медведев ќе оди на операција, Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата

Данил Медведев соопшти вест која ќе им се допадне на фановите на Новак Ѓоковиќ, Русинот ќе оди на операција и нема да настапува во наредниот период, а тоа значи дека Србинот ќе го задржи врвот на АТП табелата. 

Данил Медведев во загуби во првото коло на турнирот во Мајами од Хуберт Хуркач и пропушти да се врати на првото место на АТП Лигата.
 
Медведев имаше шанси да опстои на врвот и да направи разлика, но не е во најдобра форма во последно време, а денеска соопшти уште една вест која му оди во прилог на Ѓоковиќ. Русинот ќе мора да прави операција на кила.
 
„Здраво на сите. Последните месеци играм со мала хернија (кила). Заедно со мојот тим одлучив да отидам на мал зафат за да го решам проблемот. Ќе бидам надвор од теренот во следните месец - два и ќе работам напорно да се вратам на теренот наскоро. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Медведев.
 
Во меѓувреме Новак Ѓоковиќ ќе почне да ги игра турнирите на земја, сигурно ќе настапи во Монте Карло и ќе има можност да ја зголеми предноста над Медведев.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе