ОБВИНУВАЊА ПО ПОРАЗОТ

Медиумите сугерираа дека Конте намерно играл со послаб тим, на Италијанецот не му се допадна тоа

Медиумите од „Островото" го навлекоа гневот на Антонио Конте откако прашаа дали стратегот намерно играл со послаб тим против Барнли со цел да испрати порака до лидерите на Челси

Челси неочекувано загуби на стартот од новата сезона во Премиерлигата, на Стемфорд Бриџ, Барнли славеше со 2-3.

По натпреварот, медиумите фрлија сомнеж врз изборот на Антонио Конте за овој натпревар и прашаа дали стратегот намерно одбрал послаб тим за да испрати порака до управата.

Имено, Италијанецот во неколку наврати се пожали дека му се потребни уште неколку играчи и повика од лидерите на клубот да донесат засилувања.

Младиот Бога беше стартер, додека на клупата за резерви имаше место за Шарли Мусонда, Кајл Скот, Фикајо Томори и Кенеди.

„Зошто ми поставувате вакво прашање? Не бевте задоволни од стартниот тим?“ - одговори Конте кога беше запрашан дали врз неговиот избор влијаело и незадоволството од трансфер политиката на Челси ова лето.

„Очигледно не ме знаете доволно добро. И на подготовките играв со најдобар тим, а истото беше и денеска“.

„Ги ставив најдобрите играчи кои ги имам во овој момент. Не ми се допаѓаат овие работи, и тоа дали сум сакал да испратам порака. Зошто би го сторил тоа?

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе