Наводно требал да го поздрави противникот со маичка со ликот на Рашфорд

Медиумите пишуваа дека Балотели имал подготвено луда прослава на гол против ПСЖ, тој им врати: Ова е ср*ње! (ФОТО)

Марио Балотели жестоко одговори на написите дека имал подготвено луда прослава во случај да ја затресе мрежата на „светците", напаѓачот на Марсеј вели дека сториите се ср*ње.

Контроверзниот Италијанец изминативе недели режираше неколку интересни прослави, против Сент Етјен направи селфи и на Инстаграм објави видео од прославата со соиграчите додека се играше натпреварот, за потоа против Ница да седне крај гол-аут линијата и да игра лист, камен, ножички.

Новинарот Оливие Таларон синоќа пренесе дека Марио Балотели имал подготвено луда прослава во случај да погоди против ПСЖ во големото „класико“ во Франција. „Супер Марио“ наводно требал да покаже маичка со ликот на Маркус Рашфорд под својот дрес доколку ја затресе мрежата на „светците“ и да го поздрави лутиот ривал за елиминацијата во Лигата на шампионите.

Кога е во прашање Марио Балотели, се може да се случи, но очигледно и тој има одредени граници. Фудбалерот на Марсеј денеска се огласи на Инстаграм и порача дека нема вистина во ваквите написи.

„Ова е лага“ – гласеше пораката, а под насловот од сторијата која беше објавена тој додаде: „Престанете да креирата фејк њуз за мене“.

Ако ова не беше доволно, тој преку постот имаше испишано „Ср*ње“.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе