ЕВРО 2020

Мечот со Холандија е последен и за Ангеловски како селектор на Македонија

Утрешниот натпревар против Холандија ќе биде последен и за Игор Ангеловски на функцијата селектор на Македонија, неговиот договор со ФФМ истекува. 

Со крајот на настапот на Македонија на Европското првенство завршува и договорот на Игор Ангеловски за селектор на репрезентацијата.
 
„Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таков човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија - на Европско, второ место во квалификациите за Светско. Тоа доволно говори за се што направивме. Максимално посветно до последен ден ќе го одработам договорот, а не сакам ништо да зборувам за иднината“, вели Ангеловски.
 
Во последно време Ангеловски често се поврзува со некои клубови, па веројатно од следната сезона ќе седне на некое друго тренерско столче и ќе му се врати на клупскиот фудбал. Но прво да го одиграме мечот со Холандија.
 
„Холандија е апсолутен фаворит, знаеме која е Холандија, бивш европски првак, селекција која постојано е во круг на кандидати за евротитулата. Но, ное мора да одиграме како второто полувреме со Украина. Да ги повториме добрите моменти од тој меч. Треба да пробаме да одиграме против изразит фаворит, да се бориме да стигнеме до позитивен резултат. Против такви селекции мора да се извади максимумот и да го покажеме нашиот квалитет“.
 
На прашањето за неприродни позиции на дел од играчите во тактиката на Ангеловски, тој рече: „Позицијата на Стефан Ристовски за која сметате дека е импровизирана, ни донесе победа над Германија, победа над Словенија и реми со Италија. Импровизација е кога нешто пробуваш првпат“.
 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе