Неверојатна бројка

Мечот од СЕХА меѓу Вардар и Пекинг го гледале 700.000 луѓе!

Првиот натпревар од СЕХА лигата меѓу Вардар и Пекинг имал неверојатна гледаност, според директорот на натпреварувањето 700.000 луѓе го проследиле мечот. 

Од оваа сезона СЕХА лигата има нов формат, но и еден необичен учесник во неа, Пекинг универзитет. Кинескиот тим со две раце беше прифатен во регионалното натпреварување и во тоа се гледаше промоција на спортот и лигата надвор од границите на Европа.
 
Се чини дека целта е постигната, директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ за хрватските медиуми откри дека мечот меѓу европскиот шампион Вардар и Пекинг го следеле дури 700.000 луѓе.
 
„Сакам да истакнам дека регионалната СЕХА лига нема алтернатива на овие простори кои оваа година дополнително ги проширивме на далечниот пазар. Што и донесе тоа? Ќе ви откријам само еден податок. Првиот натпревар на кинескиот клуб во нашата лига го гледаа 700.000 луѓе, податок кој досега беше незамислив за нас“, изјави Синиша Остојиќ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе