Серија А

Меч со луд финиш: Лацио до 94. минута губеше од Торино, а на крајот победи! (ВИДЕО)

Лацио со 4-3 победи на гостувањето кај Торино во меч кој ќе се памети по неверојатниот финиш, гостите со два гола длабоко во судиското продолжение дојдоа до победата. 

Лацио поведе во 15. минута со гол на Переира, но поминаа само девет минути а Торино веќе водеше со 2-1, погодоците беа дело на Бремер и Белоти.
 
По четири минути игра во вториот дел Миликовиќ Савиќ изедначи на 2-2, а Лукиќ во 87. минута погоди за предност на Торино од 3-2. 
 
Кога се очекуваше дека домаќинот ќе победи, најпрво Имобиле од пенал во 95. минута постигна гол за 3-3, а потоа Каиседо во 98. реализираше за победа на Лацио од 4-3.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе