Оптимизмот на Камп Ноу е заменет со песимизам

МД: Трансферот на Нејмар е пред пропаѓање, Барселона го одби контрапредлогот на ПСЖ

Мундо Депортиво вели дека трансферот на Нејмар е пред пропаѓање, Барселона го одбила контрапредлогот на ПСЖ составен од Ракитиќ, Дембеле, Тодибо и значителна сума на пари.

Оптимизмот кој владееше кај директорите на Барселона по состанокот во Париз во вторникот, денеска е заменет со песимизам. Мундо Депортиво попладнево пренесе дека трансферот на Нејмар е пред пропаѓање.

Весникот вели дека „каталонците“ ја одбиле контрапонудата на ПСЖ и барањето на „светците“ да ги добијат Рактиќ, Дембеле, Тодибо и значителна сума на пари.

Па доколку не се случи некој голем пресврт во преговорите, Нејмар нема да се врати на Камп Ноу ова лето.

Клубовите ќе продолжат да преговараат и да прават напори, но се помалку време има за комплетирњае на една ваква комплетна зделка пред истекот на преодниот рок во понеделник.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе