Напаѓачот ќе има влијание врз многу одлуки

Мбапе побарал од ПСЖ да купи фудбалер на Барселона

Новинарот Хавиер Пара Пења пренесува дека Килијан Мбапе побарал од ПСЖ да го ангажира Френки де Јонг од Барселона.

Килијан Мбапе изминатиов викенд стави крај на шпекулациите за својата иднина и го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Се шпекулира дека зборот на напаѓачот ќе се слуша во иднина и прва жртва ќе биде спортскиот директор Леонардо, а големи се шансите да замине и тренерот Маурисио Покетино.

Според новинарот Хавиер Пара Пења, Килијан Мбапе побарал од ПСЖ и да го ангажира Френки де Јонг од Барселона.

Ле Паризиен додава дека „светците“ внимателно ја следат ситуацијата на Холанѓанецот, кој би можел да биде жртвуван ова лето за да се приберат пари за балансирање на сметките и засилувања.

Манчестер јунајтед исто така е заинтересиран за услугите на Френки де Јонг, фудбалерот од средниот ред е желба на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе