Почнаа гласините за тоа како може да изгледа Реал следната сезона

Мбапе, Азар и Погба на листата со желби на Зидан, Нејмар е сонот на Перез, но Бразилецот е во втор план кај Зизу

На медиумите не им требаше многу време да почнат да пишуваат кои играчи би можеле летоска да пристигнат во Мадрид откако синоќа Зинедин Зидан се врати во Реал.

Сезоната за Реал веќе е завршена откако „кралевите“ во седум дена доживеаја три порази и ги загубија шансите во Копа дел Реј, Ла Лига и Лигата на шампионите. Фокусот сега ќе биде на следната сезона, а првата дилема беше разрешена синоќа, кога Зинедин Зидан беше именуван за нов тренер.

Сега останува да се направи реконструкција на тимот, и иако до почетокот на летниот трансфер пазар има уште речиси четири месеци, медиумите веќе почнаа да шпекулираат со имиња.

Новинарот Едуардо Инда во имисијата „Ел Чирингито“ соопшти дека на листата со желби на Зинедин Зидан има пет играчи. Зизу побарал ангажман на Еден Азар од Челси, Килијан Мбапе од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер јунајтед Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид и Садио Мане од Ливерпул.

Името на Еден Азар исто така се појави и на насловите на голем број весници денеска. Сите знаат дека Белгиецот сонува за настап во Реал а Зинедин Зидан е неговиот идол. Па со Зизу сега повторно на кормилото, веројатно големи се шансите Еден Азар летоска да заврши на Сантијаго Бернабеу и покрај тоа што Челси има забрана за трансфери и не може да донесе замена.

Што се однесува до Килијан Мбапе и Пол Погба, Зинедин Зидан веќе се обиде да ги донесе своите сонародници во Мадрид. Во 2016, Реал се откажа од Погба бидејќи не сакаше да преговара со неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола. Во 2017, пак Зидан го убедуваше Килијан Мпабе наместо во Париз да се пресели во главниот град на Шпанија, но работите се искомпликуваа откако Герет Бејл одби да замине.

Лукас Ернандез е едно од двете изненадувања со оглед на тоа што тој настапува за лутиот ривал Атлетико Мадрид. Во неговиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра, сума која Реал е подготвен да ја плати, но прашање е дали играчот ќе сака да направи вакво предавство. Кога неговиот брат Тео потпиша за Реал во 2017, Лукас изјави дека тој не планира да го следи.

Садио Мане исто така веројатно е изненадување, но не е прв пат Сенегалецот да се поврзува со Реал Мадрид. По оставката на Зинедин Зидан во јуни минатата година, веднаш се појавија гласини дека Садио Мане бил топ цел на Французинот. Наводно се било договорено со играчот и само Флорентино Перез требал да пронајде заеднички јазик со Ливерпул, но Зизу си замина и оваа зделка никогаш не се реализираше.

Нејмар изминатиов период често се најавуваше како новиот „галактико“, се шпекулираше дека Бразилецот е една од причините поради кој Кристијано Роналдо си заминал (ЦР7 му се налутил на Перез зошто нема пари за нов побогат договор, но има многу пари за напаѓачот на ПСЖ). Минатата недела се појавија гласини кои велеа дека „кралевите“ ќе тргнат по Нејмар и за услугите на Бразилецот ќе понудат неверојатни 350 милиони евра. Но сега со пристигнувањето на Зинедин Зидан, плановите веројатно ќе се променат.

Еден од условите на Французинот за враќање е тој да има целосна моќ и да кажува кој играчи да бидат купени. Според пишувањата на АС, Зизу смета дека Нејмар е одличен фудбалер, но Бразилецот не е помеѓу неговите приоритети. Напаѓачот на ПСЖ е најголемата желба на Флорентино Перез, но Зидан верува дека има други ѕвезди кои можат да му понудат на тимот многу повеќе. Стратегот истот така не сака да се расправа со играч кој многу често бара да оди на одмор во Бразил и може да внесе немир во соблекувалната со своето однесување надвор од теренот.

Па се чини дека ангажман на Нејмар ќе биде во втор план ова лето со Зинедин Зидан на кормилото на Реал.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе