Аргентинецот не брза

Маурисио Поектино одбил богатa понуда од Реал Мадрид, стратегот приоритет дава на други две дестинации

Според пишувањата на Сан, Маурисио Покетино одбил богат предлог од Реал Мадрид и годишна плата од 12 милиони фунти (нешто над 14 милиони евра), Аргентинецот чека понуди од Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.

Маурисио Покетино ја одбил можноста да го наследи Зинедин Зидан на кормилото на „кралевите“, ова го пренесе денешното издание на Сан.

Весникот вели дека Аргентинецот му кажал НЕ на Реал Мадрид и покрај тоа што имал примамлив предлог на маса и годишна плата од 12 милиони фунти (нешто над 14 милиони евра).

Стратегот наводно како приоритет има две дестинации, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, па сака да почека и да види дали тренерското столче на Олд Трафорд, односно Етихад ќе биде достапно.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе