Рома во најголемиот дел од мечот играше лошо, а тоа резултираше со примен гол од Линети во 55. минута.
Таквата игра на волчицата продолжи се до 70. минута кога во игра влезе Пауло Дибала и ја размрда Рома.
Тимот на Мурињо конечно нападна како што требаше, почнаа да се редат шансите, но гол немаше.
Во 92. минута Белоти имаше шанса од пенал да му даде гол на Торино, но ја погоди стативата. Несфатливо е зошто токму тој сакаше да шутира против тимот каде помина најголем дел од кариерата.
Две минути подоцна Дибала ја погоди пречката, топката се одби до Матиќ кој шутираше од далечина и даде гол за 1-1.
Во финишот од мечот Мурињо доби црвен картон, па Рома во следниот меч ќе биде без Португалецот на клупата.
Во останатите натпревари од овој термин Монца со 3-0 ја победи Салернитана, Специја со 2-1 славеше на гостувањето кај Специја.