Браќата се во големо недоразбирање

Матиас продолжува со нападите кон Пол Погба: Ме остави да умрам, а сега глумиш невин

Матиас Погба продолжува со нападите кон својот брат Пол Погба, вели дека дека има докази со кои ќе покаже дека фудбалерот на Јувентус не ја кажува вистината.

Браќата Погба се во недоразбирање, Матиас Погба се закани дека ќе објави тајни и валкани работи од животот на Пол Погба, додека пак фудбалерот на Јувентус во полиција пријавил дека бил уценуван и имало обид да му изнудат 13 милиони евра.

Матиас Погба очигледно нема намера да се повлече и излезе со нова порака.

„Мојот помал брат конечно почнува да го покажува вистинското лице. Пол, сакаше комплетно да ме исклучиш, да лажеш и да ме испратиш во затвор. Но мојата верзија на настаните е точна, за разлика од твојата, имам доволно да докажам дека моите зборови се вистинити, а твоите се лаги. Ти повторувам уште еднаш, не е убаво да манипулираш луѓе. Ме остави да умрам, ме остави во дупка и сега сакаш да глумиш невин. Кога ќе бидат обелоденети сите работи, луѓето ќе видат дека нема поголема кукавица од тебе, пгоолем предавник и поголем хипокрит“ - вели Матиас Погба.

Тој потоа испрати и порака до Килијан Мбапе.

„Килијан, дали сега разбираш? Немам ништо против тебе, моите зборови се за твое добро, се е вистина, јасно е кој е човекот кој требаше да фрли магија. Извини брате, но не може да си посветен муслиман а да се бавиш со магии“.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе