Бразилецот е најдобар на сите времиња

Матераци: Роналдо ги имаше вештините на Меси и физичката сила на Кристијано

Марко Матераци вели дека Бразилецот Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, „феноменот' ги имал вештините на Меси и физичката сила на Кристијано.

Лео Меси и Кристијано Роналдо се најдобрите фудбалери на денешницата, некои ќе кажат дека се и најдобрите во историјата, но Марко Матераци не се сложува со ова, за него број 1 е Бразилецот Роналдо.

„За мене најдобар на сите времиња е Роналдо. Ја имаше вештината на Меси и физичката сила на Кристијано. Правеше луди работи со 200 км/ч, одредени потези само тој можеше да ги изведе“ – вели поранешниот играч на Интер.

„Ми се тресеа нозе кога прв пат го сретнав во Интер“.

„Во кариерата имав привилегија да играм со други големи имиња како Тоти, Дел Пјеро, Креспо и Ето“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе