Матрикс веднаш му одговори на Швеѓанецот

Матераци го „удри“ Ибра каде што најмногу боли: Ти благодарам, замина и ние ја освоивме Лигата на шампионите (ФОТО)

Марко Матераци не остана покус, поранешниот дефанзивец му одговори на Златан Ибрахимовиќ и го потсети дека Интер стигнал до трофејот во Лигата на шампионите во годината кога напаѓачот си замина од Џузепе Меаца.

Златан Ибрахимовиќ во интервју за магазинот „Џеј Кју“ раскажа како чекал четири години за да му се одмазди на Марко Матераци за еден опасен старт, и со Таеквондо потег го пратил дефанзивецот во болница.

Популарниот Матрикс не чекаше многу и брзо му одговори на Швеѓанецот потсетувајќи го на болната одлука да го напушти клубот во годината кога беше освоена историската тројна круна.

„Дојдов...Видов...Победив“ – го започна постот Матераци во стилот на Златан. „Во секој случај, ти благодарам Ибрахимовиќ. Без тебе никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите“.

Пред почетокот на сезоната 2009/10, Златан Ибрахимовиќ изрази желба да го напушти Интер и да се пресели во Барселона бидејќи сметаше дека на Џузепе Меаца нема шанси за триумф во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ му ја исполнија желбата, за возврат го добија Самуел Ето и голема сума на пари која беше искористена за составување тим кој таа сезона испиша историја и донесе титула во Купот на Италија, Серија А и Лигата на шампионите.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе