Манчестер јунајтед

Мата потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Хуан Мата стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед со трајност до јуни 2021 со опција за продолжување на уште една година.

Претходниот договор на Мата со Јунајтед истекуваше овој месец, но и двете страни се договорија за продолжување на соработката.
 
„Хуан е неверојатен професионалец и еден од најинтелегентните фудбалери со кои сум работел. Тој е пример за нашите помлади играчи. Јасно му е што значи да си играч на Манчестер јунајтед. Среќен сум што тој потпиша нов договор, што ќе ги имам на располагање неговиот талент и менталитет“, вели Солскјер.
 
И Мата не го криеше задоволството по потпишувањето на договорот.
 
„Голема чест за мене е што продолжувам да го претставувам овој неверојатн клуб и нашите фантастични фанови. Во Манчестер јунајтед сум пет години и со гордост можам да кажам дека Олд Трафорд е мојот дом“, вели Мата.
 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе