Премиерлига

Масуаку погоди чудесно за својот првенец, Вест Хем го фрли Челси на колена (ВИДЕО)

Вест Хем го доби градското дерби со Челси, „чеканите" направија пресврт во вториот дел и со чудесниот погодок на Масуаку во финишот стигнаа до 3-2 и огромна радос.

Челси го забележа вториот пораз оваа сезона, „сините“ попладнево загубија на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем.

Избраниците на Тухел беа подобар противник во првиот дел, поведоа со голот на Силва, Ланцини изедначи од пенал во 40. минута, но пред да се замине на пауза, Маунт закачи еден волеј и погоди на поблиската статива за 1-2.

Вест Хем повторно се вратиа во игра во 56. минута, Боувен реализираше за 2-2, за во финишот домаќините да го шокираат фаворитот.

Масуаку во 87. минута погоди чудесно за својот првенец и 3-2. Нејасно е дали фудбалерот од Конго навистина сакаше да шутира и дали топката го зачаки Лофтус Чик, но од косо прекрасно го матираше Менди, топката падна под пречката за огромна радост на „Олимпискиот Стадион“ во Лондон.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе