„Мастербет“ и оваа година со поддршка за традиционалниот турнир во мал фудбал во Маџари

Дополнително на средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игрите на среќа за програмите на Агенцијата за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија продолжуваат преку различни проекти да го поддржуваат спортот. 

Во таа насока, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки е приредувачот на игри на среќа „Астра“, и оваа година го поддржа одржувањето на Турнирот во мал фудбал „8 Септември Маџари Триангла“.
 
„Како општествено одговорна компанија поддршката кон заедницата, а особено кон младите и спортот, е во фокусот на нашите активности. Ни претставува чест и задоволство што и оваа година бевме дел од овој традиционален спортски настан кој што се организира по повод Денот на независноста на нашата држава“, велат од компанијата.
 
Турнирот е организиран од Здружението на граѓани Солидарност - М по повод Денот на независноста и се одржува веќе 15 години по ред, при што секоја година учество во натпреварувањето земаат околу 50 екипи од цела Македонија и повеќе од 500 натпреварувачи.
 
По одржувањето на финалниот натпревар викендов на претставници на „Мастербет“ организаторите им врачија благодарница за поддршката и спонзорството кое е големо значење за одржување на турнирот.
 
Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, како претставник на реномирани компании од ЕУ, продолжува да демонстрира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сегменти, јавното здравство, спортот и културата. Без разликата на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш не отстапи од деловното мото - секогаш општествено одговорни компании. Така продолжуваат и во иднина.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе