Инцидент во Хрватска

Масовна тепачка меѓу навивачи, „Бед блу бојс“ и словенечки фанови на Црвена звезда

Во недела во попладневните часови се случил тежок навивачки инцидент во околината на Загреб каде навивачи на Динамо нападнале фанови на Црвена звезда од Словенија. 

Според хрватските медиуми, членови на навивачката група на Динамо Загреб, „Бед блу бојс“ ги „сочекале“ словенечите навивачи на Црвена звезда кои се враќале од прослава на трофејот во Белград.
 
Иако во тепачката учествувале повеќе лица од двете страни, инцидентот поминал без посериозни повреди.
 
Инцидентот го потврди и загребската полиција која информира дека немало посериозни повреди ниту поголеми оштетувања на возилата на словенечките навивачи на Црвена звезда.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе