Го посетил својот поранешен тимски колега

Маса: Знам каква е состојбата на Шумахер, имам информации

Фелипе Маса вели дека знае каква е состојбата на Михаел Шумахер, но ја почитува одлуката на семејството на Германецот за приватност, па не сака да открива никакви детали.

Малку се знае за состојбата на Михаел Шумахер по инцидентот во 2013 година и тешката повреда заработена на скијање на Алпите. Семејството на Германецот забранува да се споделуваат информации и на прсти се бројат поранешните соработници кои добија дозвола го посетат легендарниот возач.

Неговиот поранешен тимски колега од Ферари, Фелипе Маса е еден од тие кои имаa прилика да го посетат домот на Михаел Шумахер. Бразилецот признава дека ситуацијата е деликатна, но не сака да открива детали.

„Знам каква е состојбата на Шумахер, имам информации. Имавме близок однос. Со неговата сопруга Корина не бев толку близок бидејќи таа не се појавуваше премногу на трките. Ситуацијата не е лесна, се наоѓа во деликатна фаза, но мораме да ги почитуваме желбите на неговото семејство. Кога тие не сакаат да откриваат информации, зошто пак јас да го сторам тоа?“ – вели Фелипе Маса.

„Се молам секој ден да му се подобри состојбата, да може одново да се појави крај патеката, особено сега кога неговиот син се трка... сакам да во гидам како го бодри. Се молам ова да се случи што поскоро“.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе