Фудбалерот на Реал Мадрид не смее да вози една година

Марсело одбил да направи алкотест, но си ја платил казната и останал без возачка дозвола

Бразилските медиуми пишуваат дека Марсело одбил да направи алкотест со дување, си ја платил казната за возење во алкохолизирана состојба и му ја земале возачката на една година.

Марсело одморот го поминува во Рио де Жанеиро откако селекторот на Бразил, Тите одлучи да не го повика во репрезентацијата на Копа Америка.
 
Тој на социјалните мрежи често постира моменти од одморот, како со својот син се забавува на плажите играјќи фудбал.
 
Но, во понеделникот ноќта доживеал непријатен момент. На улиците во Рио бил стопиран од полиција и му било дадено да дува во алкотестер, но според „О Глобо“ тој одбил, си ја платил казната од околу 675 евра и му била одземена возачката дозвола на една година.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе