Седум од седум

Маркез до нова пол-позиција во Тексас, Роси најблиску до Шпанецот, Дови дури 13-ти!

Марк Макез уште еднаш покажа дека му нема рамен во Тексас, Шпанецот стигна до нова пол-позиција пред Валентино Роси и Кал Крачлоу.

Откако ГН на САД се пресели во Тексас, има само еден победник. Марк Маркез доминира изминативе шест години и е на добар пат да слави и утре.

Шпанецот денеска беше најдобар во квалификациите и стигна до пол-плозиција со време од 1:03.787. Маверик Вињалес на слободните тренинзи најавуваше дека ќе може да му се спротивстави на својот сонародник, но возачот на Јамаха денеска потфрли и ќе стартува како шести.

Најблиску до актуелниот шампион беше Валентино Роси, кој сепак немаше сили за изненадување и мораше да се задоволи со вторто место. Последното место во првиот ред е за Кал Крачлоу.

Џек Милер е најдобро пласираниот возач на Дукати, и ќе стартува како четврти, додека пак Андреа Довициозо разочара, и утре ќе започне од позицијата број 13.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе