ЕВРО 2020

Марка: Пандев е меѓу фудбалерите што оставија најголем впечаток на ЕП (ФОТО)

Славниот мадридски спортски весник „Марка“ го смести Горан Пандев меѓу 16-те фудбалери што оставија најголем впечаток досега.

„Марка“ за Пандев напиша: „Неговиот тим, дебитант, беше прв елиминиран на турнирот, но поранешниот играч на Интер, Лацио и Наполи остави трага на голем начин. Неговиот гол во поразот против Австрија (3-1) го направи вториот најстар стрелец (37 години и 321 ден) во историјата на турнирот. Само Австриецот Ивица Вастиќ е пред него, кој во 2008 постигна гол со 38 години и 257 дена. Пандев исто така го изнуди пеналот што му претходеше на голот на Алиоски на мечот со Украина. Во поразот против Холандија неговите соиграчи во негова чест направија коридор за да му кажат збогум од националниот тим, се пензионира со 122 настапи и 38 гола“.

Покрај Пандев на листата се најдоа: Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмур (Шкотска), Џоел Похјанпало (Финска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Думфрис (Холандија), Мануел Локатели (Италија), Микел Дамсгор (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Робин Госенс (Германија), Атила Салаи (Унгарија), Џорџино Вајналдум (Холандија), Лука Модриќ (Хрватска) и Кристијано Роналдо (Португалија).

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе