Трансфер плановите на „Кралевите“ се вртат околу Бразилецот

Марка: Нејмар е прва желба на Реал, но има и план Б и ангажман на тројца играчи од светска класа

Денешното издание на Марка пишува за трансфер плановите на Реал Мадрид по крајот на сезоната, Нејмар е прва желба но има и план Б и ангажман на Еден Азар, Роберт Левандовски и Давид де Хеа

По сториите на АС, и вториот голем мадридски весник се приклучи во шпекулациите за пристигнување на Нејмар на Сантијаго Бернабеу. Марка денеска пренесе дека Бразилецот е прва цел на „Кралевите“, веќе се остварени контакти и се работи на трансфер.

И покрај тоа што адвокатот на играчот неодамна негираше дека има откупна клаузула во договорот на Нејмар со ПСЖ, Реал Мадрид верува дека Бразилецот има клаузула која му овозможува да „кидне“ од Париз. Тој може да ја промени средината во 2019 и тоа за сума од 222 милиони евра, онолку колку што „Светците“ им платија на „Каталонците“.

Но „Кралевите“ се желни да го ангажираат Нејмар уште ова лето и веќе го подготвуваат теренот за мега трансфер. За разлика од АС, кој велеше дека трансферот ќе биде 400 милиони евра, Марка пишува дека Реал ќе го купи Нејмар за 300 милиони евра. Актуелниот шампион на Европа со години штеди за ваква зделка, а може да смета и на дополнителни средства во буџетот преку продажба на Карим Бензема или Герет Бејл.

Во случај ПСЖ да успее да го убеди Нејмар да остане, Реал Мадрид има и план Б. Клубот од Сантијаго Бернабеу ќе потроши 300 милиони евра за ангажман на двајца до тројца играчи од светска класа. Марка вели дека во ова второто сценарио, ќе се атакува по потписот на Еден Азар, Роберт Левандовски и Давиде де Хеа.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе