Велшанецот доби одговор на провокацијата

Марка му врати на Бејл со иста мера: Без почит. Погрешен. Неблагодарен... По тој редослед (ФОТО)

Шпанска Марка денешната насловна страна ја посвети на Герет Бејл и му врати со иста мера за провокацијата, му порачаа дека покажал непочитување, се однесувал пограшно и бил неблагодарен.

Герет Бејл влезе во нова војна со Реал Мадрид откако пласманот на Велс на Европското првенство го славеше со знаме на кое пишуваше, „Велс. Голф. Мадрид... По тој редослед“.

Навивачите на Реал се налутија, раководството на „кралевите“ и Зинедин Зидан молчат, но затоа пак Марка реши да му врати на фудбалерот со иста мера.

Весникот денешната насловна страна ја посвети на Герет Бејл и на провокацијата одговорија со „Без почит. Погрешен. Неблагодарен... По тој радеслед“.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Герет Бејл, кој минатото лето беше на излезни врати, но откако не се најде купец, некако ги испегла недоразбирањата со Зизу и почна да игра.

Минатиот месец одново се вратија гласините откако играчот замина за Лондон на средба со својот агент. Тогаш се говореше за можен трансфер во Кина. Откако синоќа Жозе Мурињо го превзеде кормилото на Тотнем, се појавија шпекулации за негова преселба во Северен Лондон.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе