Марка: Модриќ ја живее втората младост. Оваа е подобра од првата

Лука Модриќ е еден од најзаслужните што Реал спречи големо изненадување во 22. коло од Ла Лига. До 82. минута на Бернабеу со 2-0 водеше Елче, 15. на табелата и со 27 бода помалку од водечкиот Реал. Севилја, најсериозниот кандидат за титулата, се чинеше дека се доближи на само три бода зад лидерот. Сепак, потоа по ВАР-проверката, судијата Де Бургос досуди пенал за домаќините.

Фото: ЕПА

Лука Модриќ сигурно го претвори во гол и така го почна враќањето на Реал, кое во судиското надополнување го заврши Едер Милитао со гол за 2:2. Модриќ го одигра целиот натпревар, а најчитаниот шпански весник ја слави играта на прекалената легенда на Реал. Имено, Модриќ има 36 години и пет месеци: „Идолот на Бернабеу доживува втора младост, која се чини дека е подобра од првата.“

„Модриќ не само што играше, туку и на натпреварот правеше сѐ, а неговиот тим одлично го почувствува тоа; ја земаше топката за да креира, се бореше, беше прв стрелец, заби пенал за 1:2... На Реал очајно му требаат повеќе вакви партии како неговите“, пишува Марка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе