Ја пропушта трката во Брно

Марк Маркез џабе се силеше, опериран по втор пат!

Марк Маркез ќе ја пропушти и трката во Брно откако морал повторно да замине под нож, ја оштетил титаниумската плочка со која му беше санирана фрактурата на раката.

Шпанецот заработи фрактура на горниот дел од десната рака на првата трка оваа сезона, но само неколку дена по оперативниот зафат тој правеше склекови и се подготвуваше за втората рунда на Херез.

И покрај тоа што сите му се чудеа, Марк Маркез се качи на моторот, возеше во третиот и четвртиот слободен тренинг, но не постави време во квалификациите и се откажа од трката.

Ваквото коцкање сепак се покажа погрешно, тој ја оштетил титаниумската плочка со која му беше санирана фрактурата, па синоќа одново бил опериран.

Сега ќе треба да мирува 48 часа по што ќе се има појасна слика за времето потребно за опоравување. Актуелниот шампион сепак нема да се појави во Брно, Хонда веќе го потврди Штефан Брадл за големата награта на Чешка која се вози овој викенд.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе