ФК Шкупи

Марио Младеновски потпиша за Шкупи

Македонскиот шампион ја засили дефанзивата со ангажман на Марио Младеновски кој доаѓа од екипата на Ботев Пловдив.

21-годишниот Младеновски во македонското првенство играше за Вардар и Македонија Ѓорче Петров, а сега ќе настапува за Шкупи.

Се работи за двегодишен договор кој го потврди неговиот менаџер Горан Попов.

Младеновски во 2019 година настапи и за македонската А репрезентација на квалификацискиот меч против Австрија.

Шкупи претходно се засили со уште неколку фудбалери, меѓу кои се Демири, Ѓорѓиев, Тимовски, Ацковски, Абдула, Спироски, Бајрами, Адем, Цефас и други.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе