Дербито на „Ла Серамика“ заврши без победник. Во натпревар со малку шанси, Реал Мадрид поведе по 100 секунди игра.
Мариано погоди со глава на асистенција на Карвахал, но имаше забуна откако помошникот на зачетокот од акцијата го крена знаменцето за офсајд. Сепак, главниот судија дозволи играта да продолжи а ВАР ја потврди неговата одлука.
На стартот од вториот дел, Морено имаше 100% откако Крос лошо исфрли една топка, но биеше крај голот.
Морено сепак се запиша во листата на стрелци, Куртоа во 75. минута го собори Чуквезе а напаѓачот од пенал реализираше за 1-1 и бод за Виљареал.