Ла Лига

Мариано погоди по 100 секунди, Виљареал од пенал му откина два бода на Реал (ВИДЕО)

Виљареал и Реал Мадрид ги поделија бодовите, гостите поведоа уште во 2. минута, но домаќините изедначија од пенал во 75. минута.

Дербито на „Ла Серамика“ заврши без победник. Во натпревар со малку шанси, Реал Мадрид поведе по 100 секунди игра.

Мариано погоди со глава на асистенција на Карвахал, но имаше забуна откако помошникот на зачетокот од акцијата го крена знаменцето за офсајд. Сепак, главниот судија дозволи играта да продолжи а ВАР ја потврди неговата одлука.

На стартот од вториот дел, Морено имаше 100% откако Крос лошо исфрли една топка, но биеше крај голот.

Морено сепак се запиша во листата на стрелци, Куртоа во 75. минута го собори Чуквезе а напаѓачот од пенал реализираше за 1-1 и бод за Виљареал.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе