Легендата на Аргентинa со пофалби за ЦР7

Марадона: Роналдо е животно, а сега стана и пророк!

Диего Марадона направи споредба помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо откако ЦР7 синоќа забележа хет-трик против Атлетико Мадрид и го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Старата дама“ беше пред елиминација откако загуби со 2-0 на гостувањето во Мадрид, но Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е посебно инспириран кога игра во Лигата на шампионите и со хет-трик го однесе Јувентус во четвртфиналето. 

Па новото издание за паметење на ЦР7 беше причина за Диего Марадона да направи споредба помеѓу Лео Меси и Португалецот. 

„Има играчи кои се допрени со магично стапче. Ние Аргентинците сме горди што Лео Меси е Аргентинец и што не одбра да игра за Шпанија. Што се однесува до другиот, тој е животно, Роналдо е чиста моќ. А сега е и пророк, рече дека ќе даде три гола и даде три гола“ - вели легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе