Неколку дена пред да почине

Марадона му се обратил на докторот: Луке што повеќе сакаш? Веќе страдав многу, толку од мене

Леополдо Луке, личниот доктор на Диего Марадона ја раскажа својата страна на приказната откако беше извршен претрес во неговиот дом и канцеларии, вели дека од негова страна нема никаква вина за смртта на легендата на Аргентина.

Обвинителството и полицијата синоќа извршија претрес во домот и канцелариите на Леополдо Луке, се води истрага против личниот доктор на Диего Марадона за убиство без умисла.

Па Леополдо Луке им се обрати на новинарите и ја раскажа својата страна на приказната, вели дека од негова страна нема вина за смртта на легендата на Аргентина.

„Јас, мојата сопруга и моето семејство сме отворени за соработка, ги пуштивме истражителите, им дадовме се што побараа, дури и ги тргнавме лозинките од нашите мобилни телефони и отклучени ги предадовме. Ја земаа целата медицинска историја со сите белешки. Изненаден сум бидејќи кога Диего почина, пристигнав во куќата, обвинителот беше таму и не ме праша ништо. Цело време им бев на располагање, но разбирам дека ова е нивна работа, има правна процедура и затоа нема да критикувам. Знам што направив, како го правев тоа. Знам што правев за Диего до последен момент и убеден сум дека ја вршев работата најдобро што можев“ – вели Леополдо Луке.

За гласините дека имал жестока расправија со Диего Марадона, тој одговори: „Диего ме има исфрлено од неговиот дом многу пати. Мојот однос со него беше како татко со син, но бунтовен татко. Доколку не бев покрај него, тој дури немаше да извади ниту заб. Тој ден, за кога се пишува дека имало расправија, бев да го посетам како и секогаш и точно е дека ме избрка. Кога Диего не е добро расположен, ги брка сите. Тој ден не сакаше да ги види и да ги прими ниту ќерките“.

Леополдо Лике потоа објасни дека операцијата на мозок за остранување на хематом била успешна, дека тој успеал да го предолжи престојот во болница за неколку дена и додаде дека Диего Марадона требал да оди во центар за рехабилитација, но не сакал да го стори тоа.

„Неговата смрт не се должи на последната операција. Нема медицинска грешка, на пациент со неговата историја, најчести се срцевите удари. Диего се бореше многу, на на крај мислам дека се откажа од борбата. Беше многу тажен и депримиран, му недостигаа родителите“.

„Не сакаше да излегува и на прошетки, кога го видов пред неколку дена, ми рече, „Луке што повеќе сакаш од мене. Веќе страдав многу, толку од мене““.

На крајот, докторот со солзи во очите рече: „Горд сум на она што го сторив за Диего и неговото семејство. Ако сум одговорен за нешто, одговорен сум за тоа што го сакав, за тоа што се грижев за него, за тоа што му го продолжив животот колку што можев и го направив подобар. Го сакав Диего, ми беше како татко. Немам што да кријам“.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе