Физичката состојба на Диего била ужасна пред неговата смрт

Марадона можеби ќе бил спасен ако останел во болница како што го советувале докторите

Во тек е истрага против докторите на Марадона за можно убиство без умисла, при што постојано се појавуваат ужасни детали за физичката состојба на Диего во деновите пред неговата смрт. 

Диего Марадона почина минатата недела на 60 годишна возраст, само неколку недели откако направи операција со која му беше отстранет тромб од мозокот.
 
Според „Ла Република“, Марадона бил во толку лоша физичка состојба што едноставно морал да биде на интензивна нега, а не да биде пуштен дома, дури и со медицински персонал околу него.
 
Медицинските сестри кои го надгледувале, не можеле многу да направат за да му помогнат да му се подобро состојбата.
 
Извештаите велат дека неговото срце работело само со капацитет од 38 проценти, било двојно зголемено од нормалното, хипертензијата била толку лоша што не можела да се контролира со едноставни лекови.
 
Разговорите на „ВатсАп“ меѓу ќерките на Марадона, Далма и Џиана, и психијатарот Аугустина Косачов биле земени како евиденција и од нив се гледа дискусија во која заклучуваат дека на Марадона му е потребен нов доктор, некој што ќе му помага попосветено од Леополдо Луке.
 
После децении на алкохолизирање и дрогирање, Марадона имал симптоми на депресија дијагностицирани од Косачов. 
 
Домашните услови каде Марадона ги поминал последните денови биле ужасни, се пишува дека немал нормален тоалет, користел хемиски тоалет (тојфер).
 
Неговата поранешна сопруга, Клаудија Вилафане за аргентинските медиуми меѓудругото изјави: „Да видевте каде умре Диего, ќе умревте и вие“.
 
Заклучокот е дека доколку Марадона ги послушал советитие на докторите и останел на интензивна нега во болницата можеби ќе се спасел, но велат дека Диего приватно бил тежок човек и инсистирал да го прави тоа што ќе го намислел. Докторот Луке се пожали дека постојано бил навредуван од Марадона, но и покрај тоа се обидувал да му помага колку што може повеќе.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе